
Потребата од крвни единици го зголеми и бројот на организирани крводарителски акции кои се релизираат во Штип. Денеска беше организирана вонредна крводарителска акција со цел да се дарува крв и да се спаси нечии живот. Ваква акиција е закажана веќе и за наредната недела, бидејќи е период на одмори, а не е намалена порребата од крв. Од Црвениот крст апелираат до граѓаните кои се во можност да друваат крв со цел да има постојано доволна количина на крвни единици.
„ За време на анјтоплите денови се јавува зголемена потреба од крвни единици, па од тие причини Црвен крст Штип во соработка со Трансфузиона медицина Штип организираше летна граѓанаска крводарителска акција. Им благидариме на сите крводарители кои дадоа свој личен придонес. Особено радува фактот што на овие крводарителски акции се зголемува бројот на првократни дарители. Воедно сакам да ја искорситам приликата да ја најавам следната крводарителска акција која е закажана за на 4.8.2023. во периодот од 09 до 14 часот.“ – вели Димитровска.
Граѓаните и денеска ја покажаа хуманоста на дело. На екстремно високи температури не се откажаа од можноста да спасат човечки живот.
Освен крводарителски акции овој период на температури на плус 40, волонтери од Црвениот крст се на терен со цел да им помогнат на граѓаните да се заштита од топлотниот бран. Делеа вода како и совети за заштита од високи температури и пожари.
„Покрај крводарителските акции има и активности за заштита од топлотен бран. Делиме флаширана вода и флаери за заштита од топлотен бран и пожари“ – додава Димитровска.
Од Трансфузиона медицина Штип се децидни дека во летниот период собраните крвни единици се намалуваат, па апелираат до сите граѓани кои се во можност да даруваат крв и да спасат човечки живот.
Лаура Стојанова М – Нет