Поставен штанд во центарот на Штип за донација за погодениете подрачја во Турција и Сирија

Поставен и првиот штанд во центарот на Штип за собирање донации за настраданите од земјотресот во Турција. Граѓаните може да донираат финансиски средства, а веќе утре ќе има поставено уште два штанда, кај градскиот пазар и кај трговскиот центар во Штип. За сега се собираат само финансиски средства.

„Денес отворивме штанд за финансиска помош за настраданите од земјотресот во Турција. Кампањата почна од 8 ќе трае до 15. Утре штандови ќе се постават и кај пазарот и кај трговскиот центар. Бидејќи ние имаме заменик диркеторт во Дирекцијата за заштита и спасување, тој е во Турција на лице место, ни кажа дека нема потреба од донација на облека и ќебиња и е проблем превозот со камионот, така да најпаметно вели е да се донираат финансиски средства за помош на настраданието од земјотерсот“ – вели Али.

Да се покаже хуманоста на дело, апелираше Советникот во Советот на Општина Штип, Гулбаки Мемет. Ситуацијата според него е катастрофална и затоа повеќе од потребно е да се донира и да им се помогне на настаданите граѓани.

„Ова е катастрофален настан што се случи во Турција, ме погоди многу и ние граѓаните од Штип сме многу хумани, знаеме како да помогнеме не само на Република Турција, туку и на Сирија.“ – вели Мемет.

Општина Штип донираше до сега 300 илјади денари од Буџетот на општината за погодените во Турција, а се испрати и тим од пет обучени пожарникари.

Лаура Стојанова М-Нет