Последното 22. коло од регуларниот дел во ракометната Суперлига доби нов датум за одигрување

ФОТО: Александар Ванев, М-Нет телевизија

Поради големата трагедија која се случи во Кочани, каде животот го загубија 59 лица, беше прогласена седумдневна жалост, по што беа откажани сите спортски настани и натпревари.

Последното 22. коло од регуларниот дел на ракометната Суперлига доби нов датум кога истото ќе се одигра. Натпреварите од 22-та рунда ќе се играат во среда на 26. март, а со тоа ќе се комплетира регуларниот дел.

Во рамки 22-та рунда екипата на Вардар на домашен терен како голем фаворит ќе игра против Струга, Прилеп ќе го пречека шампионот Еурофарм Пелистер кој ќе биде голем фаворит исто така, Бутел против Пролет, Радовиш на домашен терен ќе го пречека тимот на Куманово. Алкалоид во Автокоманда ќе го пречека Охрид, а пак Тиквеш ќе игра со Борец Ф.Л. од Велес.

По одигрување на последното коло од регуларниот дел ќе започне плеј-оф сегментот каде ќе се разигрува за титула и излез во Европа, како и плеј-аут сегментот каде ќе се разигрува за опстанок во Суперлигата.

Како што веќе е познато во плеј-офот ќе настапат екипите на Еурофарм Пелистер, Алкалоид, Вардар, Охрид, Тиквеш и Бутел, додека пак во плеј-аутот ќе бидат Пролет, Прилеп, Куманово, Борец Ф.Л., Струга и екипата на Радовиш.

Александар Ванев, М-Нет