Поранешен директор на ДСД „Браќа Миладиновци“ Штип несовесно работел во службата

Кривична пријава за поранешен директор на Државниот дом „Браќа Миладиновци“ во Штип за несовесно работење во службата.

СВР Штип поднесе кривична пријава против Н.Ј.(57) од с.Таринци, општина Карбинци, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „несовесно работење во службата“. На 29.05.2024 и 31.05.2024, пријавениот во својство на директор на Државен студентски дом „Браќа Миладиновци” во Штип, постапил спротивно на член 40 од Законот за јавни набавки и извршил плаќање на фактури со вкупен износ од 84.320 денари за сместување (ноќевање) за него и за учениците од Државниот студентски дом во два хотели во Охрид, без притоа да спроведе постапка за јавна набавка.