Поради јагнењето на овците, вакцината против овчата сипаница нема да може да се имплементира, тврдат од Асоцијација на одгледувачи на овци

Поради јагнењето на овците, вакцината против овчата сипаница нема да може да се имплементира, тврдат од асоцијацата на одлегдувачи на овци. Претседателот Насер Џемаили, рече дека јагнењето наближува, а во последните недели, според него не би било соодветно вакцинирањето. Тој вели дека тие како асоцијација иницирале состанок со АХВ, но како што вели се уште немаат одговор.

,,Според неофицијалните информации што ги имаме, мислам дека пред 16 ема да има вакцинација. Некако сумливо ни е, што толку време не можат да се организират. Ние се јавивме во АХВ и инициравме состанок, за да видиме како ќе се имплементира тоа, но три четири дена ние немаме никаква најава, не не информираат, не знамее зошто толку спорно иде. Секој ден е доцна веќе за таа вакцина. Веќе на кому да ја дадеме, веќе овците се ближи за да јагнат. Нема да можеме веќе да ги вакцинираме, поради тоа што сточарите чекаат да им се јагнат овците, а има регулатива таму, пошто ако е последните недели не може да се даде таа вакцина, пошто е штетна.”, вели Џемаили

Како што тврди Џемаили, две три недели вакцината не се имплементира. Пред 16 ти тој рече дека не се очекува да се спроведе вакцинацијата.

,,Па не ми е јасно зошто две три недели стигнала вкацината, две три недели не може да се имплементира, зошто. Ајде два три дена да се направи анализа, тоа во ред, но ние чекаме според информациите дека пред 16-ти нема да се имплементира. Нека кажат кај е спорот, зошто иде толку споро. Ние вечинум од сточарите сме по планини, има смртност на јагниња, ги фрлат јагнињата од ладно. Кој ќе ни ја плати таа штета. Тој не е наш спор, тој спор е од АХВ.”, кажа Џемаили

Инаку, освен со истокот, во последните изјави на асоцијациата потврдија дека појави на овча сипаница има и во западниот дел на државата. Зошто се уште нема нејзината имплементација, не знаат и сточарите.

Иван Митев, М-Нет