
Поради работни активности за имплементација на SCADA системот, вечерва од 20:30 часот можно е да дојде до намалување или отежнато водоснабдување во повеќе населби и улици во Штип.
Според известувањето на ЈП „Исар“, со намален притисок или отежнато водоснабдување може да се соочат жителите на населбата 8-ми Ноември, улиците Партизанска, Кирил и Методиј, Борис Кидрич и околните улици, делови од Вардарска и Карл Маркс, Ново Село, улицата Димитар Влахов, Индустриската зона, населбата Пребег, Долна и Горна Железничка, како и Три Чешми.
Од ЈП „Исар“ информираат дека станува збор за планирани активности за имплементација на SCADA системот и апелираат до граѓаните за разбирање додека траат работите.
Иван Митев, М-Нет