Покачен крвен притисок и главоболка кај постарите граѓани поради пролетните температури среде ноември

Со покачен крвен притисок, главоболки и потешкотии со одржување рамнотежата се соочуваат дел од повозрасните граѓани во Штип поради некарактеричтините временски промени овој период. Велат дека пролетните температури до 24 степени среде ноември претставуваат шок за организмот и тешко се приспособуваат на ваквите временски промени. Постарите штипјани сметаат дека зимите веќе не се како порано и дека вистински студ речиси и нема.

Променливите температури и големите разлики меѓу утринските и дневните вредности можат да влијаат врз здравјето, особено кај повозрасните лица и хронично болните. Од утре следува пад на температурите. Во Штип утринската ќе се спушти до 3 степени, а дневната ќе достигне до 17 степени, со претежно сончево време.

Ева Тушевска, М-Нет