
Позајмуваат ли штипјани пари на пријатели и колку лесно успеваат да си ги вратат? Иако старото правило гласи да се помогне на пријател кога му е најтешко, сепак граѓаните на терен во Штип велат дека денеска довербата е на стаклени нозе. Не веруваат ниту на сопствените очи, камо ли на пријатели, па затоа велат, пари на заем повеќе не даваат. Причината е едноставна велат, кога ќе позајмат, после тешко си ги враќаат, а неретко поради нив остануваат и без пари и без пријатели.
Граѓаните велат дека неколкупати се изгореле, позајмиле пари, но никогаш не си ги добиле назад. Затоа, сега се децидни нема повеќе позајмување. Велат кој има потреба од пари, нека си побара од банка, па потоа нека си ги враќа ратите. Децидни дека во Штип парите и пријателството се потешко одат заедно.
Иван Митев, М-Нет