Повеќе продавачи отколку купувачи на пазарот во Кочани, побарувачка нема – цените стари еден век

Само пазарџии останаа на пазарот во Кочани, денеска побарувачката сведена на минимум, раздвиженоста исто така. Иако не се бележи разлика во цените на производите кои се стари еден век, како што велат продавачите, сепак граѓаните имаат се помалку пари за да излезат на пазар и да го купат најосновното. Зарботката на пазарџиите е ставена под знак прашалник тикму заради се помалата побарувачка.

„Нема, пазар нема луѓе, како прво и прво нема луѓе има само продавачи. Денеска што ќе работиме не знаеме. Цените се тие, нема промена во цените, цените се стари не се како во маркетите.“ – велат продавачите.

Дел од пазарџиите велат дека не можат да набават семе, за следната година да добијат производи, а воедно нема и работници кој да ги обработи нивите, со што потврдуваат дека дојдовме во ситуација на увоз на производи на пазрот.

„Неможеме да набавиме семенска роба ја нема агријата, за другите години ќе ни биде проблем што само агријата ја тражат на пазаорот а ја нема како семе. За работа веќе нема кој да работи, планините се иселија, однемуваме семенски материјали, работници за кога ќе дојде време да ги садиме, да ги вадиме за да платиме, ама нема од каде да најдеме. Увозот го веќе гледаме, народот се жали дека не било вкусно, тоа е ја однемуваме работната рака, народот ни се иселија.“ – децидни се продавачите.

Децидни се продавачите дека луѓето немаат пари, кога имаат пензија тогаш има пазар, повеќе се продаваат производите, но денес е слабо, затоа што се наоѓаме на средина на месецот.

„Денеска е многу слаб пазарот дали е ладо времето или пари нема.Кога ќе имаат пари од пенизјата ќе има пазар сега моментално слаб е многу пазарот. Кога земат пенија има подобар пазар. Има марула, јајца, кромид, спањаќ се на пазарот.“- велат продавачите

Малкумината купувачи кои утринава излегле да пазарат велат пари има едвај за најосновното, па согласни се дека извор има, ама согласно нивните примања, цените на производите се високи.

Инаку, цените на пазарот беа се движеа од 20 денари за парче марула , домашни јајца за 10денари, кромид 20 денари за килограм, спањаќ 30 денари. Велат дека има се, но купувачи не.

Лаура Стојанова М-Нет