Повеќе од 15 години Здравко од Виница со обиди да го врти својот имот на Беровско езеро

За три илјади евра Здравко Илиев од Виница останува и без имот и без пари. Пред повеќе од 10 години тој инвестира во Берово, со намера да гради објект на Беровско езеро. Заминува во Швајцарија со неговото семејство каде работи и постојано инвестира во Берово. Но, наместо денеска да има прекрасен објект, тој талка по судските лавиринти за да си го врати назад сопствениот имот. Ова се случува како што вели Илиев, заради роднина не неговата сопруга, кој иако добивал помош од Илиев, дополнително го тужел, наклеветил за на крај преку извршители објектот да биде продаден.

„Лицето кое видело дека е заглавено ме тужело, со лажни сведоци на судот кажале дека работеле на објектот, а Судот без да ме повика донел одлука во нивна корист“ – вели Илиев.

Илиев имал и пари на сметка во банка, но наместо од нив да се покријат трошоците за судење и слично, имотот кој го имал на Беровско езеро бил продаден. Како што вели за три илјади евра направена му е штета од 300 илјади евра колку што вреди неговиот објект. Сега предметот е на Апелација од каде чека разрешница. Илиев посочи дека за правда ќе се бори до крај.

„Неколку пати се јавуваме во Апелација ни рекоа дека во најкраток временски период ќе го решат случајот“ – додава Илиев.

Од штипска Апелација посочија дека предметот е земен во работа, се проучуваат списите по предметот, и во најскоро време предметот ќе би рефериран и одлучен пред совет од тројца судии.

Лаура Стојанова-Ќирчов, М-Нет