
Денес се одиграа натпреварите од последното есенско или 16 редовно коло. Екипата на Брегалница со победа во Виница и официјално ја освои есенската титула во ВМФЛ – Исток пред екипата на Тиквеш. Брегалница во водство дојде во 12 м. со голот што го постигна Мартин Стојанов. Домашните играчи не се предадоа и почнаа да атакуваат кон голот на Брегалница така да Коцев во 33 м. ја погоди стативата на голот на Брегалница. Брегалница сепак во 40 м. го зголеми водството на 2:0 со голот што го постигна Османовски и со тој резултат се отиде на одмор. Во второто полувреме падна повторно два гола. Најпрвин играчот на Слога, Спасевски го намали резултатот на 1;2 во 77 м. Само 2 минути подоцна односно во 79 м. Османовски со својот втор гол обезбеди победа на штипјани, или конечен резултат Слога – Брегалница 1:3. Еве ги комплетните резултати од ова последно 16 есенско коло во кое тимот на Брегалница ќе презими на првото место:
Каменица Саса – Кожув 3:1
Кит Го Пехчево – Плачковица 5:1
Росоман – Осогово 1:7
Победа – Тиквеш 0:0
Слога – Брегалница 1:3
Табела
- Брегалница 42
- Тиквеш 35
- Кожув 25
- Кит Го 22
- Каменица С 20
- Слога 20
- Осогово 19
- Победа 14
- Плачковица 11
- Росоман 8
Драги Герасимов – Пушка Mnet.mk