По речиси половина век нова кровна конструкција добива клонот Развигрче во штипска Автокоманда

По повеќе од половина век нова кровна контрукција ќе добие клонот Развигорче во детската градинка Вера Циривири Трена во штиспката населба Автокоманда. Активностите на терен започнаа денеска, а увид изврши градоначалникот Иван Јорданов. Во оваа прилика истакна дека по завршување на реконструкцијата на кровот ќе се постават и фотоволтаични панели.

„Започнуваме со активности за промена на кровната конструкција на клонот Развигорче во детската градинка Вера Циривири Трена во населбата Автокоманда. Веднаш по завршување на реконструкцијата на кровната конструкција ќе се поставуват фотоволтаични панели на истата кровна контрукција.“ -вели Јорданов.

Инвестицијата е вредна повеќе од 11 милиони денари пари обезбедени од Општина Штип и Словенската Амбасада.

Станува збор за проект поддржан од Словенска Амбасада. Повеќе од 11милиони денари се обезбедени преку Буџетот на Општина Штип и преку Словенска Амбасада за реконструкција на оваа кровна конструкција која повеќе од 45години е стара создаваше проблеми во воспитно згрижувачкиот процес на поввеќе од 270 дечиња.“ – додава Јорданов.

Воспитно згрижувачкиот процес во клонот Развигорче непречено продолжува да се одвива, а се очекува во наредниот период кровот целосно да биде рекоструиран.

Лаура Стојанова М-Нет