По киксот во Росоман, Брегалница со 9 бодови предност пред екипата на Тиквеш

Денес се одиграа натпреварите од 22 коло на Втората Македонска фудбалска лига – Исток по кое тимот на штипска Брегалница го искористи киксот на Тиквеш во Росоман и ја зголеми предноста на 9 бодови пред кавадаречкиот тим. Играчите на Кит Го Пехчево пред камераите на Мнет ТВ и на каналот Мнет Спорт прикажаа брз и динамичен фудбал кој го крунисаа со брилијантна победа изразена со резултат од 1:0. Стрелец на единствениот гол за Кит Го беше Бошко Ступиќ во 83 м. кој по прекрасно изведениот слободен удар од капитенот Дарко Алексовски реагираше со глава и ја спроведе топката во мрежата на немоќниот голман на Осогово Матеј Андов. Впрочем голманот Андов беше најдобриот поединец кај домакините кој едноставно ја спаси својата екипа од поголем пораз. И двете екипи имаа по една статива, но очигледно играчите на Кит Го беа далеку подобри на теренот и со поголем број на шанси за гол.. Еве ги комлетните резултати од ова 22 коло:

  1. Кожув – Каменица Саса 1:0
  2. Осогово – Кит Го Пехчево 0 :1
  3. Росоман – Тиквеш 1:1
  4. Плачковица – Брегалница 0:2
  5. Победа – Слога 0:0

Табела

  1. Брегалница 58
  2. Тиквеш 49
  3. Кит Го П 38
  4. Кожув 35
  5. Осогово 29
  6. Каменица С 28
  7. Слога 23
  8. Победа 17
  9. Плачковица 11
  10. Росоман 9

Драги Герасимов – Пушка Mnet.mk