По 2000 пастрмајлии очекува да продаде секој угостител на овогодинешното издание на штипска Пастрмалијада

По 2.000 пастрмајлии очекува да продаде секој од угостителите на овогодишното издание на манифестацијата „Штипска пастрмајлијада“. По 250 денари, посетителите можат да избираат меѓу свинска и пилешка пастрмајлија. Угостителите велат дека и годинава нудат квалитет, добар вкус и, пред сe, гостољубивост.

во Штип и годинава пристигнаа посетители од цела Македонија. Велат дека традицијата треба да се негува, а по вкусената пастрмајлија, велат штипската е најубава

Штипската пастрмајлијада и годинава го привлече вниманието на посетителите, кои уживаа во традиционалниот специјалитет и празничната атмосфера. Манифестацијата продолжува да ја негува традицијата и да ја промовира штипската пастрмајлија како еден од симболите на градот.

Иван Митев, М-Нет