
Утре ќе бидат одиграни натпреварите од четвртото коло на Втората женска фудбалска лига. Првиот меч е предвиден за 11:30 часот меѓу Менада и ланскиот прволигаш Топ Гол од Битола, дуел од кој само три бода е опција за двете екипи. Домаќинот не смее да си дозволи пораз бидејќи ќе остане без шанси за првото место, а пак гостинот исто така по поразот од Билјанини Извори мора да најде начин како до трите бода со цел да не дојде до ситуација да има поголема бодовна негатива.
Во 13 часот во Радовиш ќе се игра дуелот за први бодови на Плачковица и дебитантот Топ Грлс од Охрид, а пак во ист термин е и дуелот на Башкими и Ржаничино. Домаќинот сака да му нанесе прв пораз на гостинот, кој атакува на четири од четири.
Во 13:30 часот во Охрид стартува средбата меѓу Билјанини Извори и Победа Валандово каде домашниот состав е фаворит за нови три бодови.
Александар Ванев, М-Нет