
Штипски Астибо и во сезона 2026/2027 ќе се натпреварува покрај со сениорскиот тим во Првата лига и во пионерската женска лига.
Тимот од Штип продолжува да биде расадник на млади и талентирани ракометарки кои ќе бидат иднината и на првиот тим. Во новата сезона на пионерската женска лига ќе се натпреваруваат осум екипи. Покрај Астибо од Штип, ќе се натпреваруваат и екипите на Спартак, Јехона, Струга, Вардар, Атлетик, Илинден Вардар и екипата на Делчево Вардар.
Во првото коло Астибо ќе гостува кај Струга, Спартак ќе биде домаќин на Јехона, Вардар ќе се соочи со Атлетик, а пак Илинден Вардар ќе го пречека тимот на Делчево Вардар.
Првиот домашен меч за Астибо ќе биде во рамките на второто коло, кога во Штип ќе гостува Вардар.
Александар Ванев, М-Нет