Пилешков ќе им суди на Гостивар и Шкупи во Штип, Ѓоргиев патува во Кратово, Стојчевски главен на „вечното дерби“

Познати судиите кои ќе ја делат правдат на натпреварите од 2. коло од Првата македонска фудбалска лига кои се играат во недела.

Марјан Младеновски ќе им суди на Тиквеш и Воска Спорт во Кавадарци, штипскиот судија Димитар Пилешков ќе им суди на Гостивар и Шкупи кои играат на Градскиот стадион во Штип.

Игор Стојчевски ќе го суди „вечното дерби“ меѓу Вардар и Пелистер, штипјанецот Крумислав Ѓоргиев ќе им суди на Силекс и Брера во Кравото, Јован Качевски ќе биде главен во Тетово каде играат Шкендија и Рабтнички, а пак Стојанче Трпечвски ќе им суди на Струга Трим Лум и Беса.

Сите натпревари ќе започнат во 17 часот, освен „вечното дерби“ кое ќе започне во 20 часот.

  • ДЕЛЕГИРАНИ СУДИИ 2. КОЛО ПРВА ЛИГА 2024/2025

Тиквеш – Воска Спорт, Марјан Младеновски (Скопје)
Гостивар – Шкупи, Димитар Пилешков (Штип)
Вардар – Пелистер, Игор Стојчевски (Скопје)
Силекс – Брера Струмица, Крумислав Ѓоргиев (Штип)
Шкендија – Работнички, Јован Качевски (Струга)
Струга Трим Лум – Беса, Стојанче Трпчевски (Кавадарци)

Александар Ванев, М-Нет