
Проблемот со загадувањето во Берово и понатаму продолжува во текот на зимскиот период. Според анализите обработувани со години наназад, најголемото загадување доаѓа од домаќинставата. Согласно податоците од Државниот автоматски мониторинг систем за квалитет на амбиентен воздух од мерното место во Берово од 1 декември 2022 година до денес се бележат благи надминувања на среднодневната гранична вредност за РМ10 честички од 50 микрограми на метар кубен. Според извештајот од станицата, во декември 2023 година, 19 дена била надмината 24 часовната гранична вредност на ПМ 10 честички во воздухот. Во јануари такви денови имало 11. Инаку на границата на Источниот регион има само една мерна станица и тоа во Берово. Дополнителен извор за голема загаденост на Берово се и дел од институциите кои се греат на мазут. Токму затоа потребна е промена на грејните тела зимскиот период, за беровчани да уживаат во чист воздух, бидејќи самата Малешевија е белите извори на Истокот.
„ Ние како општина имаме надлежност врз тие кои се на локално ниво да ги подобрат своите капацитети за греење. Зборувам за самите котли во кои согорува тој мазут на самите оџаци доколку тие самите ги сервисираат или извршат соодветна реконструкција во однос на времето во кое биле инсталирани. Тоа значително ќе влијае, а истовремено ќе биде повод кон граѓаните да можат да поминат на поквалитетни извори на енергија со кои би ги загревале своите простории во текот на зимскиот период кога пиковите на загаденост во Берово се на високо ниво.“ – изјави Пекевски
Градоначлникот на Берово апелира до граѓаните навремено да ги исчистат оџаците пред да започне грејната сезона, а воедно да се изврши соодветна реконструкција. Додава дека со поставувањето на фотоволтаици ќе се намали загадувањето се со цел на граѓаните да им се обезбеди поквалитетен живот и за загревање да користат поквалитетни извори кога пикот на загаденост во Берово е на највисок степен.
Лаура Стојанова, М-Нет