Петок 13 кај суеверните денес е несреќен ден, кај останатите обичен и пазарен

Петок 13 кај суеверните, денес е познат како несреќен ден, па затоа многумина денес се внимателни што ќе работат во денот, па неретко избегнуваат било какви активности. За други пак денес е среќен ден по кој тие се сеќаваат дека им тргнало на добро животот и затоа истиот го сметаат дека е само обично верување кое е со потекло од Америка.

“Суеверие, на 13 сти сум се запослил на работа 71 година., а на мене не ми е црн ден. Епа на 13 сти отидов и војска. Aбе тоа си го измислуваат.”, велат граѓаните

“Американците можат се да ви кажат.“, додаваат граѓаните

Покрај делумното мислење, суеверните веруваат дека денес е баксузен, па затоа денес внимаваат што ќе работат.

„Означува ден, баксузен.“, истакнаа граѓаните

Инаку, вистината е дека никој точно не знае од каде е потеклото на стравот за петок со бројката 13 сети, меѓутоа теориите на историчарите докажале дека стравот најверојатно потекнува од народската митологија, која е збир од митови, легенди и верувањеа во натпридорните лоши суштества.

Лаура Стојанова, М-Нет