Петар и Олгица Малинови од Штип сведочат за штипските Л`џи, изворот е лек за многу болести

Лекува реума, скршеници, рани, ишијаси и разни болести, водата наречена „Л’џи“ кај Штипско Ново село. Постои од Римско, Осмалиско време, па и ден денес. Во минатото се практикувала за новороденчиња, за перење алишта, но едновремено и за дружба, а денес речиси тоа е подзаборавено. Штипско – Ново село сведочи за еден неверојатен извор по кој тие се препознатливи и автентични. 80 годиишниот Петар Малинов сведочи за лековитата вода во неговото место на живеење.

“Лџите е настаното од Римско време, потоа турско, па наше. Изворот се вика Л’џи затоа што лече вода. По л’џите во реката има тунели во самите карпи и од таму извира самата вода, само сега од поплавите кој беа во тринаесетта година е натлачено тоа и водата е изгубена.“ – велат Малинови

Малите деца ги бањавме од таа вода. Нашиот син Александар, кога го донесоа од болница, бидејки таму се задржаа неколку дена, беше целиот рани. Реката беше надојденаа и не можевме да дојдеме до лџите. Тогаш јас и брат ми го отворивме капакот од резерварот и со ортома и кофа извадивме вода. Го избањавме три дена, ни рана, ни ништо”- додаваат Малинови

Покрај штипјани, граѓаните од околните места често го бараат местото викано „Л’џи” , бидејќи водата по лековитост е втора во регионот и е богата со свои супстанци.

“Многу луге доваѓаат сега, полнат води со туби за рани, за скршеници и такви работи. За рани на децата, реума, ишијас, кожни болести, скршеници и тоа. Порано кога бев јас дете целиот град доаѓаше да пере. Со магариња натвоарени алишта, цел ден беше гужва и не можеше да наполнеш вода за дома да донесеш и еден период беше ставена трафика и луѓето ги наплаќаа алиштата таму. Ке црпе вода од голчето, ќе си полни во коритото, ама многу е жешка водатата, па ке чекат да оладе. Ех, кога ќе си дојдеше дома изморена, рацете и беа гобјосани од топлата вода”

“Лџите и бањата се поврзани , истата температура, истата лековитост. Кога не постоела бањата, постоел некој извор таму, кој што истекувал и некое овчарче Кежо се викал го болеле нозете и случајно легнал кај каналот каде што истекувала водата и осетил дека е по добро и се излекувал и по името на Кежо бањата е наречена Кежовица.“- додава Олгица Малинова

Источна Македонија покрај своите природни богатства, препознатлива е токму по своите лековити води, каде една од тие е и Л’џите од Ново село. Голем дел од граѓаните задоволни од лековитоста на водата и топло ја препорачуваат на сите што имаат потреба од неа.

Лаура Стојанова, М-Нет