Пет вработени од штипската физикална терапија 10 тина дена се на обука за третман на пациентите кои што се враќаат од странство

Пет вработени од штипската физикална терапија веќе 10 тина дена се на обука за третман на пациентите кои што се враќаат од странство. Како што рече в.д директорот на КВ Штип станува збор за еден физијатар, двајца физеотерапевти и две медицински сестри. Во мегувреме тој вели дека двајца од веќе вратените од странство пациенти доагаат на третман во КБ Штип .

,,По инструкции на министерство за здравство и фонот за здравствено добивме инструкции да пратиме од вработените во физикална терапија кај нас на обука во КБ Штип, таму се одржуваат обуките за понатамошно третирање на оние пациенти што веќе се враќаат од земјите во европа во Македонија. Во моментот обуката трае веќе 10 тина дена, имаме пратено пет лица кај нас. Едниот е физијатар, двајца физеотерапевти и две медицински сестри.“, рече Захариев

Во моментот вработените се на обука и работат динамично со пациенти што се препраќаат од клиника за пластична хирургија од Скопје во Кочани за понатамошен третман, додава Захариев

Инаку, Клиничка болница и кадровски ќе се до комплетира. Заврши огласот за вработување на 19 специјализанти и во моментот, согласно Законот, се чека да се одреди термин за тестирање.

Иван Митев, М-Нет