
„За функционерите покачување по 1000 евра, за пензионерите по 10“, „И ние сме луѓе кои живееме во Македонија“, „Не за 6% покачување“ – со вакви транспаренти пензионерите од Свети Николе напротест го блокираа влезот на градот. Не остапуваат од нивните барања за линеарно покачување на пензиите за 3500 денари или во спортивно побараа оставка од министерката Тренчевска и претседателката на сојузот на пензионери на Македонија.
„Прво покачување напензијата линеарни од 3500 денари на сите пенизонери, оставкадоколку не ги исполнат барањата, како и ревизија во Фондот и здруженијата на пензионерите“ – велат пензионерите.

Револтирани велат дека работеле по 40 години за денеска да земаат пензијап од 12 илјади денари. Децидни се дека со вакви примања не се преживува месецот оти пари не се доволни за храна сметки и лекови.
„Тренчевска да не вика дека ние можеме со 12 илјади да преживееме. Таа зема плата за 10 фамилии. Тие делат тендери, а за нас пензионерите немало пари.“ – додаваат пензионерите.
Протестите продолжуваат се до исполнување на барања на пензионерите од државата.
Лаура Стојанова М-Нет