
Натпреварот од второто коло на Втората лига меѓу ланските прволигаши Пелистер и Брера Струмица наместо во Битола ќе се игра во Кавадарци.
Битолачни ќе мора да патуваат во Кавадарци за да навиваат за нивниот Пелистер, а причината поради која овој натпревар нема да се игра во Битола е обновувањето на тревната подлога на стадионот „Петар Милошевски“, а како што велат од битолскиот клуб во констулација со ЈП „Комуланец“ од Битола и Фудбалската федерација на Македонија била донесена одлуката мечот со Брера да се игра во Кавадарци.
Пелистер со реми од 1:1 против Камјани ја започна новата сезона, а пак Брера Струмица триумфираше со 2:0 над Еуромилк ГЛ.
Влезот за натпреварот меѓу Пелистер и Брера во Кавадарци е слободен.
Александар Ванев, М-Нет