Пеејќи ја песната Вечниот Бог, младинци и деца во Штип го најавија христовото раѓање

Пеејќи ја песната „Вечниот бог“ над 200 деца и младиници од Штип и Карбинци денеска го навестија Христовот раѓање. Бадниковата поворка тргна од црквата Свети Никола, каде претходно присутните добија библија, колачиња и молитва, а заврши на плоштадот „Слобода“.

„Се вклучуваат илјадници дечиња пеејќи ја песната Вечниот Бог и најавувајќи го раѓањето христово. Децата кои се вклучени во поворкта ги симболизираат ангелите кои го навестуваат христовото раѓање, а ѕвездичките што ги носат во своите раце пред нивните озарени и насмеани лица ја покажуваат ѕвездата која упатува кон местото на раѓањето христово.“ – вели Рисотва – Михајловска.

Општина Штип учествуваше во целата акција, а на плоштадот Слобода дечињата добија бадникови пакетчиња од страна на градоначалникот Јорданов. Посака здравје, среќа, благосотојба во сечиј дом.

„Навистина ми е драго што продолжува традиционалната бадникова поворка во која учествуваат повеќе од 200 дечиња. Општина Штип даде целосна поддршка на спроведување и одржување на оваа бадникова поворка во која најмалите дечиња симболизирајќи ги ангелите ја испеаја бадниковата песна, најавувајќи го најсветлиот христојански празник“ – вели Јорданов.

Денеска во периодот од 10 до 12 часот Бадникови поворки се организираа во 62 града во државата, на кој млади деца пеејќи ја песната Вечниот бог го најавија христовото раѓање.

Лаура Стојанова М-Нет