Пациентите на Одделот за физикална терапија во Штип бараат подобрување на условите, надежните со план за реконструкција

Иако изминатиот перид се направени сериозни промени на Одделот на физикална терапија при КБ Штип, сепак условите во објектот стар над половина век не се задоволителни за пацинетите. Велат дека за разлика од претходно има поместување од мртва точка, но сепак согласни дека треба да се инвестира уште. За разлика од условите, презадоволни се од медицинскиот персонал.

Дека ситуацијата со условите не е сјајна согласен е и доктор Никола Косатадинов, но како што вели посотојано се прават напори за да се промени нешто. Веќе нема редици гужва, а во наредниот период треба да започне ии реконструкцијата на соблекувалните, амбулантите, болничките соби.

„Во изминатиот период направивме сериозни промени. Со воведувањето на кабинската работа ги намаливме гужвите и чекањата, сега секој пациент си има свој термин и брзо се опслужуваат. Во однос на инфраструктурните решенија во наредниот период ќе имаме реконструкција на соблекувалните и се надеваме дека со започнувањето на изградбата на КБ Штип ќе почнеме и посериозни инфраструктурни зафати.“ – вели Костадинов.

Проблем се јавува кога е во прашање бројот на технички перонал. Идентично како и на останатите оддели при КБ Штип, болничари и хигиеничари недостасуваат и овде.

„Во моментот на Одделот за Физикална терапија при КБ Штип бевме тројца физијатри, сега сме двајца. Имам доволен број на физиотерапевти – 19, но проблемот со техничкиот персонал е дефицитарен.

На одделението за Физикална терапија при КБ Штип секојдневно годишно се прават околу 200.000 процедури или лани поминале 4.500 пациенти, што е своевиден рекорд во рехабилитацијата. На рехабилитација доѓаат и седум повредени пациенти од кочанската дискотека „Пулс“ .

Лаура Стојанова-Ќирчов, М-Нет