
Пафти, токи и колани од 19 век денес можеа да се видат на изложбата на НУ Завод и Музеј Штип. Предметите, кои биле наменети за украсување на половината на женската народна носија од истокот и денес макотрпно се чуваат. Етнологот Бети Иванова рече дека овие украсни елементи биле изработени од вештите раце на тогашните мајсотри наречени кујунџии, кои со векови ја негувале традицијата во државата.
Во секој еден ваков предмет, може да се забележи дека во нив преовладуваат растителните орнаметни и мотиви од природата, рече Иванова. Таа останува децидна дека убавината во нив е во орнаментиката.
Oсвен накитот направен од метал, на изложбата можеше да се забележи и накит изработен од монистра, кои што го изработувале вештите македонки со конец и тенка игла. Некогаш за една изработка на еден колан биле потребни месеци.
Иван Митев, М-Нет