Партерно се уредува улицата „Борко Талев“ во Штип, се обезбедуваат и нови паркинг места

Партерно се уредува пристапна улица позади штипската гимназија, како и уредување на паркинг места. Со овие активности на терен се работи на задоволување на потребите на граѓаните и зголемување на паркинг местата во центарот на градот. Општината издвои половина милион денари и се очекува активностите да завршат во текот на наредната недела.

„Партерното уредување во оваа фаза очекува да заврши во текот на наредната недела. Издвоени се нешто повеќе од 500 илјади денари за целиот опфат кој го предвидува првата фаза.“ – вели Јорданов.

Паралелно на ова ќе се работи и на уредување на дворот на стариот здравствен дом во Штип. Овде ќе се обезбедат нови 35 паркинг места. Активностите на терен се со цел подобрување на постоечката инфраструктура во централното градско подрачје, но и во насока на зголемување на паркинг местата.

Паралелно на ова што се работи се изготувава и соодветно решение за уредување на целиот двор на стариот здравствен дом кој ќе се користи за дополнителни паркинг места.“ – додава Јорданов.

Следствено на ова Јорданов посочи дека ќе се работи и во останатите населени места во Штип. Целта е подобрување на инфраструктурата во градот, зголемување на паркинг местата и задоволување на потребите на граѓаните.

Лаура Стојанова М-Нет