
Официјално отворена новата, модерно опремена кардиолошка секција во рамки на ПЗУ „Самарџиски“ во Штип. Под името „Кардио Манев“, секцијата е наменета за дијагностика, третман и следење на најчестите кардиоваскуларни заболувања. Работата се одвива во нови простории со современа ехокардиографска апаратура. Секцијата ќе работи под раководство на д-р Борислав Манев, специјалист по кардиологија.
,,Во склоп на ПЗУ Самарџиски отвораме нова секција посветена на кардиологијата ,,Кардио Манев“ и ќе се фокусираме како и до сега, без малку 20 години на третман дијагностика и следење на најчестите кардио васкуларни заболувања. Како што знаеме секој втор човек или е или ќе биде засегнат од овие состојби. Како што се хипертензијата, дијабетот, инфаркти, дебелина, една пандемија на болеста која се почесто е помегу нас. Со сопствена инвестиција успеавме да добиеме нови простори и нова апаратура. Моментално располагаме со три ехо апарати, односно два од моделите 2024, 2021 со вештачка интелегенција, со автоматски снимања на сите мани или неправилнсоти на срцето.“, рече Манев
Д-р Манев потенцира дека граѓаните можат да се обратат секогаш за информации, следење и контроли, со цел да се обезбеди навремена и квалитетна грижа.
,,Најголема инвестиција е инвестиција во здравјето, така да граѓаните не треба да чекаат да се јават првите симптоми, ние сме достави од 7 часот наутро до 8 навечер. Можат да не најдат на социјалните мрежи, на нашите броеви, достапни сме за сите. Ние ќе работиме по референтните цени. Вложуваме во кадарот подеднакво за нашите граѓаните да добијат нега и информации како што добиваат и граѓаните од цела Европа, не само од Скопје од Македонија. Доколку има потреба од интервенција ние имаме онлична соработка со години со сите јавни останови и со тоа на некој начин служиме како мост до финалната цел, а потоа ги вршиме контролите и следењето на пациентите од кога ќе завршат со потребните интервенции или третамн кој им треба.“, истакна Манев
Дека оваа установа од сега ќе пружи напредни кардиолошки прегледи, согласна е и прим. д-р Цветанка Манева Самарџиска, која рече дека пациентите ќе можат да користат холтер мониторинг и коронарен стрес тест за навремено откривање на срцеви аномалии.
,,Па ние веќе три децении постоиме и денеска би сакале во континуитет да го продолжиме постоењето и отворањето на една нова кардиолошка ординација, која што се должи на една лична и тимска посветеност на грижата на пациентите, така да се надеваме новиот модерен пристап, новиот пристап и кон пациентите ќе биде пак во интерес на сите нив. Во нашите нови простории располагаме со нова современа апратура која што се однесува на едноставно долготрајно селедење на пациентите преку холтери за срце и притисок. Исто така за коронарен стрес тест, кој што ќе се должи на оптеретување на срцевата активности и ги докажува сите срце аномалии.“, посочи Манева Самарџиска
Со тоа, жителите од Штип и околината добиваат пристап до современа кардиолошка грижа, под водство на д-р Борислав Манев, специјалист по кардиологија со повеќе од 12 години искуство и обуки во напредни европски центри.
Иван Митев, М-Нет