ОФИЦИЈАЛНО: Мартин Стојанов е првото засилување за Брегалница, „сините“ го градат ростерот за новата сезона

Официјално штипскиот прволигаш Брегалница се засили со искусниот Мартин Стојанов, кој доаѓа од редовите на прволигаш Тиквеш од Кавадарци, а 27-годишното крило е повратник меѓу „сините“.

Стојанов во минатото настапуваше за Брегалница, беше дел и од Кит Го од Пехчево, а штипјанецот меѓународна кариера градеше во Бугарија, каде го носеше дресот на Септември Софија.

Првото летно засилување на Брегалница е поранешен младински репрезентативец на Македонија.

Според информациите на М Нет телевизија, Брегалница во наредните денови ќе ги промовира и останатите засилувања, со што „сините“ кои се повратници во прволигашкото друштво ќе имаат конкурентен тим за висок пласман на прволигашката табела. По денешниот потпис на Стојанов, ќе следуваат и потписи и на други фудбалери во следните денови.

Инаку, новата сезона која започнува на 25 јули екипата на Брегалница ја отвара на гости против шампионот Вардар.

Александар Ванев, М-Нет