Отпадоци го „красат“ центарот на Кочани

Отпадоци го „красат„ централното градско подрачје во Кочани. На местото во трговскиот центар каде што се поставени подземни контејнери, отпадоците се наоѓаат наоколу. Граѓаните реагираат дека ова вака стои подолго време, а од КЈП „Водовод“ Кочани ваквите места не ги чистеле навремено. Дополнително додаваат дека бекатон плочките на местото стојат речиси една година, откога впрочем и се поставени подземните контејнери. За вакавата ситуација во Кочани го прашавме директорот на КЈП Водовод, Иван Иванов. Во телефонски разговор за М-Нет телевизија Иванов истакна дека веднаш е реагирано за да се изчисити просторот.

„Известени се одговорните лица, како и комуналниот инспектор за да се соберат отпадоците. Сакам да напомена дека во подземните контејнери не може да се собира несоодветен отпад. Тие се наменети за посебен вид отпадоци. Истовремено, сакам да апелирам до граѓаните во Кочани да не го оставаат отпадот на места кои не се за таа намена како во конкретниов случај. Има поставено контејнери и нека се користат истите“ – кажа Иванов.

Подземни контејнери во Кочани има на неколку локации. Ваков случај имаше и претходно кога граѓани реагираат за отпадоците околу контејнерите.

Лаура Стојанова М-Нет