
Конкурсот за избор на спортисти за 2024 година во Штип е отворен. Сите спортисти, спортски работници и клубови кои оствариле значајни резултати во изминатата година имаат право да се пријават. Пријавувањето ќе трае до 10. јануари 2025 година. По завршувањето на рокот, комисијата ќе ги разгледа пријавите и ќе одлучи кој ќе ја освојува титулата за најдобар спортист за 2024 година во Штип, врз основа на утврдените критериуми.
„Денеска општина Штип распиша јавен повик за избор на спортист за 2024 година. Апликациите можат да се извршат на сајтот на општина Штип, како и во архивата на општина Штип. Повикот трае до 10. јануари 2025 година. Право на учество имаат сите спортиски кои резултатите ги постигнале во штипски клубови. Учествуваат сите категории, пионери, кадети, младинци и сениори“, вели Никола Костадинов, претседател на комисијата за спорт.
Во пријавата за учество во избор на спортист за 2024 година на град Штип се наведени и критериумите кои треба спортистот да ги исполнува.
„Еден од најважните критериуми е да биде учество во клуб од Штип, но ќе бидат земени резултатите на Олимписки, Светски, Европски и Балкански првенства“, дополнува Костадинов.
После 20. јануари 2025 година ќе биде утврден и точниот датум кога ќе се прогласи најдобриот спортист за 2024 година во Штип.
Александар Ванев, М-Нет