Остануваат уште неколку денови за подготовки на екипите од Првата футсал лига пред стартот на сезоната

Екипите од Првата футсал лига продолжуваат со подготовките пред почетокот на новата сезона, кој е закажан за 10 октомври со мечевите од првото коло.

Останува уште една недела до почетокот на новата сезона, а бранител на двојната круна ќе биде Проект од Јосифово. Тимот кој минатата сезона по вторпат во клупската историја стана шампион, а по првпат ја освои и Куп титулата.

Следуваат денови за последни подготовки пред сезоната која ќе понуди неизвесна трка за остварување на целите за секоја позиција.

Проект одбраната на титулата ја започнува против Јувентус Серава на домашен терен, Бутел ќе биде домаќин на повратникот Железарец, Клими ќе игра против СЕЕ Университи, тим кој се врати во прволигашката конкуренција, првото коло носи и дерби на два поранешни шампион Форца против Шкупи, а пак Кеги Моби ќе го пречека тимот на Осогово од Крива Паланка.

Последните две екипи ќе испаднат директно во Втората лига, а пак шампионот обезбедува квалификации за Лигата на шампиони.

Александар Ванев, М-Нет