
Второлигашот Осогово од Кочани за новата сезона промовираше двајца млади играчи, станува збор за Бојан Сандев и Марио Симоски.
Сандев има 18 години и доаѓа од младинските категории на Работнички, а во минатото беше дел од Осогово во период од ноември 2020 до август 2021, а потекнува од Фудбал Старс од Кочани.
18-годишиот Симоски во Осогово доаѓа од редовите на штипска Брегалница, претходно беше во младиските категории на Работнички, во Осогово настапуваше во ист период како и Сандев, а исто така Симоски потекува од Фудбал Старс од Кочани.
Минатата сезона Осогово заврши на 12. место со 30 бодови на своето конто, во турболентна сезона „жетварите“ како повратници во Втората лига се изборија за директен опстанок во последното коло со скор од осум победи, шест ремија и 16 порази, а за новата сезона се најавува повисоки амбиции односно обезбедување на опстанок многу порано, со цел да не се случи истата ситуација како и во претходната сезона.
Александар Ванев, М-Нет