
Овој викенд се одиграа натпреварите од 16. коло од Првата футсал лига на Македонија, а големото изненадување се случи во Крива паланка каде Осогово му го нанесе првиот пораз на новиот шампион Форца со резултат од 3:2.
Искусниот Зоран Левески во 4. минута погоди за 0:1 на полувреме. Во вториот дел Виктор Димков погоди за 1:1 во 25. минута, а четири минути подоцна Ерол Далип одново го врати водството на страна на Форца на 1:2.
Во 33. минута од мечот искусниот Адријан Мицевски постигна гол за 2:2, а по две минути игра Мартин Ристовски погоди за конечните 3:2 и голема победа на Осогово над новиот шампион Форца.
Карадаку на домашен терен со 2:1 го доби дуелот со Клими со што овој тим ќе се борби да го избегне баражот за опстанок, Црна Река со 2:1 го доби Железарец, Шкупи беше пресилен за Кеги Моби со 6:1, а пак Овче Поле го загуби најважниот меч против Бутел со 3:4 со што тимот од Свети Николе ги пакува куферите за враќање во Втората лига.
Во однос на табелата Форца е лидер со 45 бодови, Шкупи е втор со 37 бодови, Клими е трет со 26 бодови. На 4. место е Железарец со 23 бодови, Бутел е на петтото место со 22 бодови, колку што има и Осогово од Крива Паланка кој е шести. На 7. место е Црна Река со 21 бод, Карадаку е на осмото место со 14 бодови, колку што има и Кеги Моби од Велес кој е во бараж зоната за опстанок односно на деветтото место, а на дното односно на последното десетто место кое директно води кон испаѓање во Втора лига е Овче Поле со осум бодови на своето конто.
Александар Ванев, М-Нет