Осогово договори шест пријателски натпревари преку кои второлигашот од Кочани ќе ја проверува формата!

ФОТО: Александар Ванев, М Нет телевизија

Екипата на Осогово од Кочани предводена од искусниот стратег Крсте Крстев договори шест пријателски натпревари, преку кои ќе ја темпира формата за новата сезона во Втората македонска фудбалска лига.

Екипата на 14 јули ќе ги започне подготовките за новата сезона, а притоа е утврден и распоредот за пријателските натпревари.

Популарните „жетвари“ првиот пријателски натпревар ќе го одиграа на 23 јули против Брера Струмциа на домашен терен, на 26 јули ќе следува пријателски меч со екипата на Скопје на гостински трен, додека пак на 30 јули екипата ќе ја проверува формата против повратникот во Втората лига, Тетекс од Тетово, а мечот ќе се игра во Кочани.

Во месец август се договорени три пријателски натпревари. На 6 август екипата на Осогово ќе ја проверува формата против Каменица Саса на домашен терен, на 9 август Осогово ќе се тестира со Детонит Плачковица на домашен терен, а пак генералката е закажан на 16 август против екипата на Беласица во Струмица.

Од клубот истакнуваат дека овие контролни натпревари се значаен дел од подготовките на клубот, а кои ќе бидат вистинска шанса за проверка на формата и натпреварувачкиот ритам пред стартот на новата сезона, а кој е закажан на 23 август (сабота).

Минатата сезона Осогово заврши на 14-тото место или во бараж зоната за опстанок во Втората лига, во баражот клубот од Кочани загуби од Шкендија Арачиново, но екипата имаше среќа во ждрепката од поразените и така остана во Втората лига и за сезона 2025/2026.

Осогово сега гради квалитетен тим со кој ќе цели кон повисок пласман, а пред се директен и сигурен опстанок. Досега Осогово ги договори и промовираше Христијан Митревски, се работи за искусен и етаблиран дефанзивец кој доаѓа од новиот прволигаш Башкими од Куманово, како и голманот Филип Лазаревски, кој досега настапуваше за Вардарски од Богданци.

Во следниот период се очекува промоција на уште неколку квалитетни засилувања.

Александар Ванев, М-Нет