Општина Илинден в петок, на 24 јули, ќе го прослави Денот на Општината, Илинден: ќе пеат Јордан Митев и Антониа Гиговска

Општина Илинден и оваа година со свечена програма ќе го одбележи Денот на Општината – „Илинден 2-ри Август“. Свеченоста ќе се одржи на 24 јули 2026 година (петок), со почеток во 20:00 часот, на новиот парк – плоштад во н.м Марино.

Публиката ќе има можност да проследи богата музичка програма со настапи на реномираните македонски изведувачи Јордан Митев и Антониа Гиговска, кои ќе приредат вечер исполнета со добра музика и одлична атмосфера за посетители од сите возрасти. Во рамките на настанот ќе биде прикажана и видео презентација во која ќе бидат претставени реализираните проекти, капиталните инвестиции и развојните активности спроведени во изминатиот период, а дополнителен белег на програмата ќе даде и настапот на музичкиот хор составен од ученици од општинските основни училишта.

Општина Илинден ги поканува сите граѓани да бидат дел од одбележувањето на Денот на Општината – „Илинден 2-ри Август“, и заедно да го прославиме овој значаен ден во духот на заедништвото, традицијата и развојот на нашата општина.

 

Текстот Општина Илинден в петок, на 24 јули, ќе го прослави Денот на Општината, Илинден: ќе пеат Јордан Митев и Антониа Гиговска е превземен од МАКФАКС.