Општина Гази Баба го објави повикот за субвенции за печки на пелети

Општина Гази Баба го објави јавниот повик за субвенционирање на набавка на печки на пелети.

„Со оваа мерка се поттикнува користењето на поеколошки и поефикасни системи за затоплување, кои придонесуваат за намалување на загадувањето на воздухот; почиста и поздрава животна средина; поефикасно и поквалитетно затоплување на домовите; намалување на трошоците за греење на долг рок и поттикнување на користење енергенси со помало влијание врз животната средина“, велат од Општината.

Деталните услови, потребната документација, висината на субвенцијата и рокот за аплицирање се наведени во Јавниот повик.

фото/depostiphotos

Текстот Општина Гази Баба го објави повикот за субвенции за печки на пелети е превземен од МАКФАКС.