
Опаднат интересот за вакцинација во Кочани. Во време на нов бран од Ковид – 19 и постојаните нови мерки кои ги препорачува Комисијата за заразни болести, како и апелите за вакцинација на населението, интересот за процесот на имунизација на сѐ пониско ниво. Заинтересираноста – најголема кај лицата на возраст над 40 години.
„Можам да кажам дека интересот за вакцинација е значително опаднат за разлика од претходните месеци. Најмногу доаѓаат да се вакцинираат граѓани над 40 години, а достапна вакцина е вакцината на „Фајзер“. Сите граѓани кои не се вакцинирале со трета доза, односно „бустер“, можат по три месеци од вакцинацијата со втора доза да дојдат на нашиот вакцинален пункт и да го направат тоа“, рече Иле Постолов, координатор за вакцинација во Кочани.
Во меѓувреме, на официјалната страна на Министерството за здравство престанаа да се објавуваат статистиките за тоа колку граѓани се имунизирале, односно колкав број од населението се вакцинирало со прва, втора или трета доза вакцина.
Ребека Спасова М-Нет