
Со положување свежо цвеќе во градскиот парк во Кочани пред спомен обележјето на Никола Карев, основното училиште кое го носи неговото име го одбележа својот патрон празник. Преставници од училиштетото, политички партии, делегации и пријатели со едно минутен молк оддадоа почит на Карев, а настанот за одбележување на патронот на училиштето започна вчеравечер со пригодна манифестација и настап на учениците.
„Денеска нашето училиште го слави 66 патронен празник. Вчера во училишната сала имавме свечена академија, децата се преставија со одредени точки. Денеска овде во градскиот парк положивме свежо цвеќе“ – вели Андов.
Името на Никола Карев го носат основното училиште во Качани, како и подрачното училиште во село Тркање.
На 26 април 1905 година, четата на Карев на пат за Крушево преноќила во селото Рајчани помеѓу Кочани и Пробиштип. Но, тука четата била предадена и веднаш била опколена од турската војска. Следниот ден, на 27 април 1905 година, во нерамна борба со турскиот аскер, кај месноста Свиланово загинал Никола Карев, заедно со многу борци од неговата чета.
Посмртните останки на Карев, во 1953 година, по повод одбележувањето на 50-годишнината од Илинденското востание биле пренесени во Крушево.На 11 април 1990 година, тие биле пренесени во Македониумот. Во спомен на загинувањето на Никола Карев, во близината на селото Тркање е поставен споменик.
Лаура Стојанова М-Нет