Македонските борачи од Олимпија – Вардар остварија уште еден голем меѓународен успех на турнирот во борење слободен стил „Bridgepoint Malta Freestyle Championships“, кој се одржа во Малта.Со одлични настапи и освоени вкупно 150 поени, македонскиот тим го освои првото место во екипниот пласман, оставајќи ја зад себе домашната екипа на Малта со 149 поени, додека третото место ѝ припадна на Италија со 81 поен.На турнирот учествуваа борачи од девет држави, а македонските претставници освоија вкупно девет медали, од кои пет златни, два сребрени и два бронзени.

Освојувачи на медали:
Златни медали – Дарко Димчевски (79 кг) Мурад Гајдаров (79 кг) Реџеп Таири (86 кг) Адам Модосјан (97 кг) Петар Тодев (125 кг)
Сребрени медали – Лука Николов (65 кг) Мартин Србиновски (125 кг)
Бронзени медали Леон Стојанов (70 кг) Стефан Зашков (74 кг)


Со овој резултат, македонските борачи го повторија минатогодишниот успех и уште еднаш покажаа дека можат рамноправно да се натпреваруваат и да победуваат во силна меѓународна конкуренција.Успехот во Малта претставува уште една потврда за квалитетот, посветеноста и континуираната работа на македонските борачи, кои со своите настапи продолжуваат успешно да ја претставуваат Македонија на меѓународната спортска сцена.
М Нет ТВ