
Околу 560 граѓани во Штип досега се вакцинирале против сезонски грип од почетокот на имунизацијата. Од Центарот за јавно здравје Штип соопштуваат дека на дневна основа имаат по околу 60 вакцинирани лица. За 39 граѓани вакцинацијата била спроведена во нивните домови, додека останатите доаѓаат по добиено известување за термин преку СМС-порака. Имунизацијата сè уште е во тек, а поради брзото трошење на дозите, наскоро се очекува да пристигнат и дополнителни количини вакцини.
“Од почетокот на вакцинацијата на 21 октомври до денес, во Центарот за јавно здравје во Штип се вакцинирани приближно 560 граѓани против сезонски грип.
Од нив, 39 лица се вакцинирани во домашни услови, додека останатите граѓани доаѓаат во точно закажан термин, за кој се известени преку СМС-порака.
Во центарот на дневна основа се вршат околу 60 вакцинирања. Имунизацијата е сè уште во тек, а поради брзото трошење на дозите, наскоро се очекува да пристигнат и дополнителни количини вакцини.”, велат од ЦЈЗ
На терен, граѓаните со поделени мислења. Едни велат дека се вакцинираат секоја година, па тоа ќе го стоарт и годинава, други дека нема, бидејки според нви немаат ефект.
Иако мислеењето на вакцинацијата на терен е различно, сепак лекарите велат дека вакцинацијата против сезонски грип е исклучително важна бидејќи претставува најефикасна и најбезбедна заштита од вирусите кои брзо се шират во текот на зимата.
Иван Митев, М-Нет