Одредени приоритети, обезбедено сол и песок, подготвена механизација – ЈП „Стипион“ на готовс за зимата

Завршени подготовките за зимско одржување на улици и патишта во Штип. ЈП „Стипион“ во изминатиот период ги одржа сите потребни состаноци на кои се носеа одлуки за делување во зимски услови. Приоритети и оваа година останува влезот кон штипската Клиничка болница, чистењето на булевари, улици во централното градско подрачје, но и остнатите улици и тротоари во сите населени места во градот. Има набавено сол и песок, како и добро подготвена механизација.

„Јавното претпријатие е подготвено за зимската сезона, ги направивме сите потребни состаноци, внатрешна координација, утврдивме дежурни служби, ги одредивме приоритетите. Како приоритети се сите пристапи кон КБ Штип, сите булевари и влезови во градот, а потоа и улиците. Нашата механизација е во добра состојба, редовно е одржувана, подготвена за интервенции. Набавивме доволно сол и песок“ – вели Стефановски.

Дополнително, ако има потреба ќе биде ангажирана и механизација од приватен оператор со кој претпијатието има склучено договор.

„Исто така, ЈП Стипион има договор со приватен оператор за дополнителна механизација, секако ако има потреба од тоа. Се надеваме дека ќе имаме блага зима и дека нема да имаме многу работа во тој дел“ – додава Стефановски.

За престојната зима организирани се сите неопходни работи за да се дејствува нвремено и брзо, со цел Штип да има чисти улици и булвари и непречено движење за возачите и пешаците.

Лаура Стојанова Ќирчов, М-Нет