
Се одложува утрешниот протест на пензионерите во Скопје. Заради различни причини кои сепојавиле изминатиот период протестот е одложен на неопределено време, но не и откажан, вели Трајче Станојков.
„ Причината е заради тоа што госпоѓата Станка Трајковска не сака да ги прими групата на пензионери кои се за кај неа да разговараат за линеарното покачување. Се држи на тоа процентуалното покачување е тоа што е и е најавено дека одредени групи на пензионери од разноразни причини го провоцираат протестот“ – вели Станојков.
Но и покрај одложувањето на протестот вели не се откажуваат од нивните барања, кои очекуваат во наредниот период да бидат исполнети. Додава дека надлежните институции се на терен и се работи на исполнување на нивните барања.
Пензионерите го закажаа протестот со цел промена на претседателката на Здружението на пензионери, но и исполнување на останатите нивни барања.
Лаура Стојанова М-Нет