Одблежан Меѓународниот ден на мајчиниот јазик, одржана книжевно – јазична работилница

Под мотото „Јазикот – корен на книжевноста. Мајчиниот јазик – аманет за поколенијата“ одбележан Меѓународниот ден на мајчиниот јазик. Студенти, ученици од средни и основни училишта, професори преку книжевно – јазична работилница оддадоа чест на неговото височество – јазикот. Преку идејата „јазикот – наш корен и аманет“ се навратија на историскиот момент, со акцент на зачувувањето на јазикот и во иднина.

Целта на настанот беше да се поврзат најмалите и поголемите, па филолозите да го одбележат денот на јазиците, пред сѐ на мајчиниот јазик. Да им се доближи љубовта кон јазикот беше основниот мотив, па во една таква атмосфера се реализираше и оваа активност.

Инаку, јазични групи за изучување на македонскиот јазик посетуваат и студенти од други земји ширум Европа, што оддава посебна чест на јазикот.

Настанот се оддржа во НУ-УБ „Гоце Делчев“ во Штип, а во истиот учествуваа студенти од Филолошкиот факултет и членови на Академија ЕУРОАРТ.

Ребека Спасова М-Нет