Одбележана 118 годишнината од смртта на големиот револуционер Гоце Делчев

Одбележана 118 годишнината од смртта на револуционерот Гоце Делечев. На спеменикот, на местото каде тој учителствувал во Ново село во Штип со поклонување и положување свежо цвеќе почит му оддадоа делегации, устанви кои го носат неговот име, пријатели и политички партии од Штип.

„Денес 4ти мај се навршуваат 118 години од смртта на идеологот, организаторот, водачот и една од најмаркантните личности Гоце Делчев. Овде сме собрани да ја искжеме својата длабока почит кон целокупниот придонес на овој великан за македонскиот народ кој претставува светол патоказ за сите граѓани на Република Северна Македонија“ – истакна Лидија Камчева Панова.

Гоце Делчево е роден на 4ти февруари 1872 година во Кукуш, во благородно македонско семејство. Основното училиште го завршил во родниот Кукш, потоа извесно време работел во една кукушка бакалница и во гостилницата на татко му. Образованието го продолжил во солунската машка гимназија. Живеел во училишниот интернат и читал многу книги со револуционерна и филиозофска содржина. Бил член на училишниот таен револуционерен кружок. Поради соменние дека чита и растура литература со напредни идеи бил исклучен од училиштето, по што му се посветува на македонското национално ослобдително дело.

Делчев е познат како голем револуционер. Тој формирал своја чета со која го остварил таканаречениот „Голем поход на Делчев во централна, западна и јужна Македонија“. Целокупната негова работа и вложен труд е со едниствена цел ослободување на Македонија од осмалинското ропство и создавање на независна македонска држава. Загинал на 4 мај 1903 година предаден во селото Баница.

Делчев загина пред да пламне Илинденското востание, но тоа не беше пречка токму тој да стане симболот на Илинденското востание, оставајќи зад себе дело достојно за гордост.

Лаура Стојанова М-Нет