Од септември ќе бидат промовирани старт-ап центрите на УГД Штип, со цел научните идеи да се претвораат во бизниси

Izjava 1263 (11.08.2026)

Два старт-ап центри веќе се подготвени на УГД Штип – едниот на Економскиот факултет, а другиот во Кампус 2 на техничките факултети. Во нив ќе се работи со студенти, професори и млади научници на развој на идеи и нивно претворање во бизнис. Со Стопанската комора, Општина Штип и други партнери веќе се договараат конкретни активности. Целта е научните сознанија и резултати од Универзитетот да добијат практична примена и да создаваат нови бизниси. Промоцијата на центрите е најавена за септември.

,,Со стопанската комора и со Општина Штип, веќе сме во една фаза на изработка на инфраструктура и институционално поставување на еден иновациски центар односно универзитетски старт-ап центар, кој што ќе биде во рамки на центарот за трансфер на технологии во рамки на униоверзитетот. Целта на на тој иновациски, односно старт ап центар е да им помогне на студентите, заедно со професорите, со малдите научници, лаборантите да научните сознанија и резултатит кои што ги продузираат, да можат да ги комерцерлизираат во бизнис идеи. Целта на универзитетот не е само да обезбеди знаење за студентите кои понатаму тие ќе можат да го стават во функција за вработување, туку знаење кое што ќе можат да го стават во функција на керирање на сопствени бизниси и мислам дека еден од фокусите на нашиот универзитет во наредниот период особено ќе биде тоа.“, вели Лазаров

Од септември се очекува и официјалната промоција, а веќе се договорени дел од активностите со Стопанската комора и други партнери. Просториите се подготвени и веќе активни, па останува во нив да започнат конкретните активности.

,,Инфраструктурата, од аспект на физичката инфраструктура веќе направивме два иновациски хаба. Едниот е на економскиот факултет, другиот на кампус два на техничките факултети и примарно ќе бидат практично таму. Тие се веќе активни, простории спремни, ќе бидат промовирани од септември, иамме догвореено одредени активнсоти со стопанската комора и други.“, додава Лазаров

Поддршката на младите и креирање на сопствени бизнис идеи во Македонија е она кое што го има за цел универзитетот рече оректорот Лазаров, додавајќи дека и универзитетот и професорите, но и лабараториите ќе бидат поставени во таа насока да им овозмоижат на студентите да тестираат производи.

Иван Митев, М-Нет