Од сезонско овошје до слатко за зимските денови – штипјанки го чуваат домашниот вкус

Праски, сливи, смокви и дуњи – омиленото сезонско овошје за домашно слатко во Штип. Традицијата сè уште се негува, а слаткото најчесто се подготвува за зимата и се послужува како засладување по ручек. Штипските домаќинки со восхит зборуваат за вкусот што со години се чува во теглите – слатко да се зборува, уште послатко да се јаде.

Дел од граѓаните ја искористија оваа прилика, па ги пофалија своите жени како врвни домаќинки кога станува збор за подготовката на овој традиционален десерт.

Овој домашен десерт е едноставен за подготовка – со редење овошје тегла, шеќер и додавање вода, а потоа се остава да отстои и се вари до посакуваната густина.

Слаткото се служело во чинија, ставена во послужавник, а при послужувањето секогаш било придружено со чаша вода – едноставна традиција која и денес потсетува на гостопримството.

Ева Тушевска, М-Нет