
Од планираните 54 милиони денари наплата за данок на имот во Штип до денеска платени се 52 ипол милиони денари или 97%. Крајниот рок за наплата заврши пред две недели односно на 15 ноември. Но, праксата од претходните години покажува дека граѓаните најчесто својата обврска за плаќање на данок на имот ја завршуваат кон крајот на годината, иако имаат можност да плаќаат и на рати. Во вкупната наплата до сега спаѓаат и наплатите од претходните години, а само за 2024 година наплатени се 54%. Во меѓувреме до граѓаните и правните лица веќе се испратени и опомените и решенијата за присилна наплата на данок на имот, за заостанат долг од 2022, 2023 година и претходно.
„До денес наплатата за данок на имот на физички и правни лица е околу 52 ипол милиони, или од планирани 54 милиони денари тоа е околу 97%. Во ова влегуваат и даноци од претходни години, а што се однесува само за 2024 година наплатени се околу 57%. Во споредба со претходните неколку години наплатата се движи на исто ниво односно има еден до два проценти зголемување. Во претходниот период пуштени се до граѓаните и опомените и решенијата за присилна наплата и сите оние кои не ги платиле решенијата за 2023, 2022 година ќе се пристапи кон присилна наплата“ – вели Каров.
За граѓаните и правните лица кои не ја подмириле обврската да платат данок на имот за оваа година до 15 ноември, течат камати. Каров посочува дека се работи и опомените и решенијата за оние кои не го платиле данокот на имот од претходните години. Додава граѓаните навремено да го плаќаат својот данок на имот за да не се соочуваат со опомени или во краен случај со присилна наплата.
Лаура Стојанова М-Нет