
17 коло на Втората футсал лига на Македонија донесе две мега дерби пресметки во Штип и Дебар.
Во Штип се соочија лидерот Мал Ајакс кој со 2:4 загуби од Овче Поле од Свети Николе, со што сега трката и битката за првите две места кои водат кон Првата футсал лига се разгорува и ќе гледаме повеќе од неизвесна борба за тоа кои две екипи ќе бидат дел од Првата лига следната сезона.
Штипјани на полувреме имаа два гола предност откако стрелци беа Мамудов и Дурмишов за 2:0, а во вториот дел ланскиот прволигаш од Свети Николе направи комплетен пресврт за голема победа од 2:4, откако Дамјан Благоевси имаше два гола, а по еден постигнаа Султанов и Бојковски.
И на дербито во Дебар имаше голема пресврт на полувреме, откако на полувреме Кораб имаше 6:3 предност, на крајот загуби со 8:11 од Балкан.
Лидер и натаму останува Мал Ајакс со 39 бодови на своето конто, а пак Овче Поле и Балкан го делат второто место со по 37 бодови и овие екипи ќе продолжат до крај да ја водат борбата за првите две места кои водат кон Првата лига.
Во однос на останатите натпревари Партизан Југ во Брвеница пред својата публика го доби тимот на Карадаку, Победа загуби со 4:14 од СЕЕ Университи, ССК Скопје го доби натпреварот со Каршиака со 5:4.
Натпреварот меѓу Конзули и Енхалон не се одигра, бидејќи екипата на Енхалон нема да продолжи со натпреварување во продолжението од сезоната.
Александар Ванев, М-Нет