
Овој викенд ќе бидат одиграни натпреварите од 11. коло на Втората футсал лига на Македонија или второто пролетно коло.
Екипата на Овче Поле од Свети Николе го игра првиот пролетен меч, откако во првото пролетно коло беше слободна. Овче Поле ќе атакува на експресно враќање во Првата футсал лига, а овој викенд ќе игра против СЕЕ Университи од Тетово, во меч каде домаќинот ќе бидат фаворит.
Партизан Југ од Брвеница на домашен терен ќе игра против екипата на ССК Скопје, каде и двете екипи ќе ја бараат првата пролетна победа, откако пролетниот дел го отворија со порази.
Ланскиот прволигаш Карадаку на домашен терен ќе ја бара дури првата сезонска победа, а ќе го пречека тимот на Енхалон од Струга, додека пак Кораби на домашен терен ќе се соочи со прилепска Победа.
Екипата на Кратово на домашен терен ќе се соочи со тимот на Конзули од Битола, каде пак Балкан кој има отворени амбиции за влез во Првата лига и значително се засили за пролетниот дел ќе го пречека составот на Каршиака.
Колку за потсетување првите две екипи од Втората футсал лига имаат директен влез во Првата лига, а таа борба за тие две места ја водат штипски Мал Ајакс, кој во оваа коло ќе биде слободен, Балкан кој е втор, Кораби, Овче Поле, а тимот на Каршиака од сенка ќе се обиде да напаѓа за второто место.
Александар Ванев, М-Нет